Во стомакот на мртов елен во еден национален парк во северниот дел на Тајланд пронајдени биле 7 килограми ѓубре во кое имало машки гаќи, пластични кеси и вреќички за инстант кафе.
Кун Сатхан, официјален претставник на националниот парк, рече дека еленот хранејќи се, долго време консумирал и од пластиката која посетителите ја расфрлаат низ паркот.
Претходно, во националниот парк регистриран е уште еден ваков случај на смрт на животно.
„Веруваме дека еленот внесувал пластика и отпад долго време пред неговата смрт“, изјавил директорот на Националниот парк, за Би-би-си.