Ќерката на мексиканскиот нарко-бос Ел Чапо Гузман, Алехандрина Жизел Гузман се венча со Едгар Цезарес, внук на Бланка Маргарита Цазарес позната како „царицата“ , која наводно била задолжена за перење пари со моќните картели.
Церемонијата е одржана во Кулијакану, во покраината Синалоа. За безбедноста на венчавката се погрижиле посебен одред на платени убијци.
Фотографиите објавени на Истаграм на мајката на младата прикажуваат луксузни оклопни возила кои се паркирани пред катедралата, која беше затворена за јавноста, а пред неа стоеше вооружено обезбедување.
Инаку, Ел Чапо не беше во можност да ја испрати ќерка му пред олтарот, затоа што се наоѓа во затвор во САД, каде е осуден на доживотна робија, плус 30 години поради убиство, перење на пари, трговија со дрога и рекетирање.
На венчавката наводно присуствувал Овидио Гузман Лопез, еден од синовите на Ел Чапо.
https://www.instagram.com/p/B77IwMEBfQ2/?utm_source=ig_web_button_share_sheet