Српскиот епидемиолог д-р Предраг Кон изјави за РТС дека нема сомнение дека вирусот корона се враќа.
– Без разлика дали тој ќе се врати со поголема сила, ќе почекаме. Овој вирус ни покажа дека не знаеме ништо за него и дека покажа дека во овие месеци, во овој дел од годината, тој е многу активен и способен да се пренесе – рече д-р Предраг Кон и додаде дека во моментот постојат 12 помали кластери, а дека голем број луѓе, 57 отсто, не знаат каде се заразиле.
“Не се гледаат знаци дека ќе има брзо подобрување. Пред нас се случувања во кои може да дојде до влошување на инфекцијата, како што се приемните испити на факултетите, матурски и свадби и затоа мораме да реагираме“, рече Кон.
Како место за интензивно ширење на заразата ги наведе ноќните клубови, па вели дека се размислува за прекин на работата на овие локали, како и намалување на работата на другите угостителски објекти.
„Подобро тие мерки што поскоро да се донесат отколку да се чека да се влоши ситуацијата“, вели Кон.