Матурантите ширум Хрватска го прославија последниот училишен ден облечени во костуми и маици со смешни или духовити натписи.
Сепак, најоргинални беа матурантите од гимназијата во Чаковец кои одлучија да се облечат како Фреди Меркјури од спотот за песната „I Want To Break Free“ и за кратко време станаа хит на Facebook.
Во спотот Меркјури се појавува во претходно споменатото видео во улога на домаќинка во високи потпетици, црно здолниште и розова маица, а сето тоа, вклучувајќи мустаќи и перика, го носеа матурантите.
Фотографијата собра повеќе од 11.000 лајкови, а многумина во коментарите им дадоа поддршка за идејата и не го криеја својот ентузијазам.
„Не само што е генијално, туку и значајно: паметна, креативна, духовита и слободна младина“, напиша еден.
„Има надеж за оваа генерација“, вели друг, а трет додава: „Брилијантно! На Фреди многу би му се допаднало ова“.