Тепачката која избила меѓу 60-тина луѓе на бродот за крстарење била предизвикана од љубомора поради тројка меѓу патниците.
Туристички агент кој бил сведок на тепачката изјавил за Фокс њуз дека тепачката започнала поради тројца љубоморни патници кои меѓусебно се обвинувале за измама, а потоа прераснала во конфликт од поголеми размери.
Иако првичниот конфликт бил помеѓу двајца патници кои се забавувале во ноќниот клуб на крстаречкиот брод „Карневал Меџик“, ситуацијата брзо излегла од контрола со се повеќе луѓе кои се вклучиле во кавгата.
Тепачката се случила последната ноќ од осумдневното крстарење по Карибите додека бродот се приближувал до пристаништето во Њујорк.
Туристичката агентка Тереза Џејмс изјавила дека тепачката во ноќниот клуб започнала нешто пред 2 часот по полноќ, траела еден час и се проширила на пет ката од бродот. Притоа биле искршени шишиња, а една жена се здобила со полесна расекотина, но нема сериозни повреди.
Обезбедувањето на бродот не можело да излезе на крај со тепачите, па била принудена крајбрежната стража да го придружува бродот назад до пристаништето, а NYPD да започне истрага.