Елон Маск, кој официјално е најбогатиот човек на светот, смета дека Владимир Путин е многу побогат од него.
Извршниот директор на Тесла стана најбогатиот човек во светот во 2021 година, но, неверојатно, верува дека рускиот претседател има многу поголемо богатство.
Маск зборуваше за Путин во интервју со Матијас Допфнер, извршниот директор на „Аксел Спрингер“.
„Како се чувствувате кога сте со нето богатство од приближно 260 милијарди долари и се сметате за најбогат човек на земјата?“, вака Допфнер го праша Маск.
Најбогатиот човек на светот одговори: „Мислам дека Путин е значително побогат од мене“.
Богатство на Путин отсекогаш било мистерија. Во 2017 година, финансиерот Бил Браудер сведочеше дека верува оти Путин „собрал 200 милијарди долари незаконски стекнати добивки“.
Рускиот претседател се поврзува и со палата на Црното Море вредна 1,4 милијарди долари и стан во Монако вреден 4 милиони долари.
Во неговото интервју со Допфнер, Елон беше прашан и за самата војна.
„Изненадувачки е да се види тоа во денешно време. Мислев дека во најголем дел сме тргнале подалеку од таквите работи. Загрижувачки е. Ако можете да се извлечете со тоа, тогаш ова ќе биде порака до другите земји дека можеби и тие би можеле да се извлечат со истото“, вели Маск.
Кога го прашаа за постапките на Путин, извршниот директор на Тесла рече: „Мојата најдобра претпоставка беше дека тој ќе се обиде да ја освои источната третина од тамошната земја. Искрено, ако само ја слушавте реториката, тогаш јасно е дека тој тргнуваше барем по делови од Украина кои имаат значителен процент на руски јазик. Тој го направи тоа веќе во Грузија“.
Маск додал: „Мислам дека американската влада направи повеќе отколку што луѓето може да сфатат. Но, тоа едноставно не беше многу јавно. Но, важно е да се направи нешто сериозно. Не можеме да дозволиме Путин да ја преземе Украина. Toa е лудост“.