Во време кога сите погледи се свртени кон бројките поврзани со коронавирусот и кога многумина се плашат од нов бран на епидемијата, д-р Бранимир Несторовиќ повторно шокираше со својот став, што го сподели на социјалните мрежи!
Несторовиќ, кој, според свои зборови, го напушти Кризниот штаб на Србија затоа што му здосади „да биде црна овца“, го откри истражувањето на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), што е Национален институт за јавно здравје на САД, кој наведува дека носењето маски е непотребно за сузбивање на ширењето на коронавирусот!
Научник од ЦДЦ, маските не делуваат – напиша кратко Несторовиќ со објавата што ја сподели, а се однесува на споменатото истражување.
Имено, истражувањето на ЦДЦ посочува дека носењето маски во никој случај не ја намалува можноста индивидуата да се зарази со короната.
– Студија на ЦДЦ, во која беа испитани симптоматски пациенти со Ковид-19, покажа дека 70,6% од испитаниците изјавиле дека „секогаш“ носат маска, додека дополнителни 14,4% велат дека „често“ носат маска. Ова значи дека огромни 85% од заразените пациенти пријавиле редовно носење маски! Само 3,9% од заразените рекле дека „никогаш“ не носат прекривка на лице – се наведува во текстот на кој се повикувал самиот д-р Несторовиќ.
Всушност, студијата покажа дека десетици илјади Американци се заразуваат со корона секој ден и покрај тоа што носат маски.
Она што треба да се забележи е дека споменатата студија е во директна спротивност со тврдењата за маски изразени од директорот на ЦДЦ, Роберт Редфилд, кој на неодамнешната конференција тврдеше дека платнената маска е побезбедна заштита од коронавирус отколку вакцина.