Семејството Гајс, познато по германската ријалити серија „Die Geissens – Eine schrecklich glamouröse Familie“, доживеало вистински хорор во нивната луксузна вила во Сен Тропе.
Семејството Гајс, познато по германската ријалити серија „Die Geissens – Eine schrecklich glamouröse Familie“, доживеало вистински хорор во нивната луксузна вила во Сен Тропе, кога четворица маскирани напаѓачи влегле во куќата и ги ограбиле под закана со пиштол.
Инцидентот се случил во раните утрински часови на 15 јуни, додека Роберт (61) и Кармен (60) одмарале во дневната соба.
Како што открил парот, разбојниците влегле во вилата вооружени и маскирани, а Кармен била држена под закана со нож, додека Роберт се обидел да им се спротивстави на напаѓачите и добил скршено ребро. Парот споделил и застрашувачки снимки од безбедносните камери на кои се гледа насилната провала.
„Ова не е филм, туку сурова реалност“, напишала Кармен на Инстаграм, каде што парот има над 1,3 милиони следбеници, според Дејли Меил.
„Повредена сум, а Роберт има скршено ребро. Ни треба правда. Можеби некој ќе ги препознае овие кукавички сторители. Можеби некој може да помогне“, додаде Кармен.
Лекарите ја лекувале Кармен поради посекотина на вратот, а внатрешноста на вилата била уништена. Скршеното стакло, превртениот мебел и дамките од крв укажуваа на борбата што се случила. Ќерките на двојката, Давина и Шанија, биле во Монако во времето на нападот.
Соседите ја слушнале бучавата и повикале полиција, но напаѓачите веќе избегале низ градината пред да пристигнат патролите. Полицијата потврди дека истрагата е сè уште во тек и досега никој не е уапсен.
Интересно е што Роберт и Кармен се обиделе да користат вештачка интелигенција, поточно ChatGPT, за да го реконструираат изгледот на еден од напаѓачите, надевајќи се дека јавноста можеби ќе помогне во идентификацијата.
„Анализиравме еден од напаѓачите користејќи ChatGPT. Погледнете ги сликите, можеби некој ќе го препознае“, рече Роберт.
„Да бидеме разумни. Ви посакуваме безбедна ноќ и да останете здрави“, додаде тој.
Обожавателите на семејството го изразија својот шок и поддршка во коментарите.
„Ужасно е што веќе не си безбеден ни во својот дом. Каде дојдовме до ова?“ напиша еден следбеник.
Друг додаде: „Светот навистина полуде. Не можам да разберам вакви работи.“
„Фала му на Бога што ја преживеавте оваа ужасна ситуација“, рече трет.
„Тажна сум за она што ви се случи“, додаде корисничката Анја.
Риалити ѕвездите се во брак од 1994 година и се познати по својот гламурозен начин на живот, патувања и луксуз. Овој несреќен настан фрли сенка врз инаку светлиот свет на милионерите од семејството Гајс.