Членот на Кризниот штаб во битката со пандемијата од коронавирусот во Србија, епидемиологот Дарија Кисиќ Тепавчевиќ по денешната седница на која е донесена одлука за задолжителна употребата на заштитната маска во Белград за сите кои престојуваат во затворен простор, зборуваше колкава е веројатноста да се „закачи“ коронавирусот.
Според Тепавчевиќ наједноставната работа за заштита кој може да го елиминира инфицирањето со коронавирусот е носењето на маската.
-Толку едноставна работа, а штити дури 99 одсто од опасниот коронавирус. Доколку едно лице носи маска, а другото не, веројатноста за да се инфицирате е пет одсто, но доколку и двете лица, едното кое е инфицирано од вирусот и лице кое е осетливо на заразат се заедно, веројатноста да се пренесе вирусот е помала од еден одсто – вели Тепавчевиќ која потенцира дека единствена и безбедна заштита да се спасиме од вирусот е маската.
-Тоа не мора да бидат хирушки маски, можат да бидат и памучни кои сами си ги шиеме а и било каква механичка заштита.