По оставката на Муамед Сејдини единствен кандидат и главен фаворит за претседател на ФФМ е Масар Омерагиќ.
55-годишниот Омерагиќ доби јавна поддршка да го наследи претседателското место во ФФМ, но од вчера неговата кандидатура е официјална, откако доби ветер во грб од ОФС Свети Николе.
Со 16 гласа ЗА, Омерагиќ беше предложен како кандидат за претседател на Фудбалската Федерација, а се очекува голем адут во новите планови на идниот претседател да биде и Горан Пандев.
Легендарниот македонски напаѓач по се изгледа ќе има значајна улога во новата гарнитура, па својата поддршка продолжи да ја искажува и преку социјалните мрежи.
– Минато, сегашност, иднина, – гласи пораката на Пандев на која позира со Масар.
Омерагиќ се очекува да биде единствен кандидат за претседател на претсојното собрание во месец декември, па работата на делегатите во ФФМ дефинитивно нема да биде многу тешка.