На денешното редовно изборно собрание, Масар Омерагиќ со акламација беше потврден за претседател на Фудбалската федерација на Македонија.
Омерагиќ кој во декември минатата година на вонредното собрание на ФФМ беше избран за привремен претседател, сега доби четиригодишен мандат.
На денешното редовно собрание, Масар Омерагиќ беше единствениот кандидат за претседател на ФФМ.
На собранието беа присутни 65 од вкупно 66 делегати од оштинските сојузи, сите едногласно гласаа за Омерагиќ да ја задржи функцијата и да добие четиригодишен мандат.