Денеска, во 14,45 часот, во куќа во центарот на Лесковац се случило четирикратно убиство, но засега не се знае дали се работи за трикратно убиство и самоубиство, или некој друг ги убил.
Убиено е цело семејство, а меѓу жртвите се маж, неговата сопруга која била бремена и двете ќерки.
Комшиите кој за Објектив.рс изјавиле дека се работи за мирно семејство и дека не слушнале пукање.
Еден од полицијаците кој влегол во куќата каде што се случило убиството, вели дека призорот бил морничав.
На лице место е полицијата и врвот на полициската управа во Лесковац.
Убиството се случило во фамилијарната куќа, а траги од насилство не се видливи.
фото: курир.рс