Најмалку 17 лица, меѓу кои и еден полицаец, се убиени во престрелка која траела 12 часа во канадската провинција Нова Шкотска. Напаѓачот е мртов, а полицијата откри дека станува збор за 51-годишниот забен техничар Габриел Вортман (51).
Тој бил пронајден на бензинска пумпа 30 километри од Халифакс, главниот град на Нова Шкотска, а по престрелката бил убиен од полицијата.
Меѓу убиените е и полицајката Хајди Стивенсон, со 23 годишно искуство во полицијата, и мајка на две деца.
Инаку, Виртман бегал со полициско возило и бил облечен во полициска униформа.
Засега не се познати мотивите за масакрот.