Полицијата го уапси Ненад Рониќ (63) кој во дворот на семејната куќа во Књажевац, со пушка ги убил зетот и внукот, додека пак снаата Романа (20) и внукот Б.Р(15) со тешки телесни повреди се пренесени во болница. Од здобиените повреди во дворот на лице место починал Јастреб Асановиќ (38), а додека Иван Рониќ (19) им подлегнал на повредите во болницата во Књажевац.
Како што дознава курир.рс убиецот пред да го стори злосторството имал голема расправија со неговиот брат од чичко К.Р кого Иван го претепал.
Веднаш после тоа К.Р се пожалил на својот дедо Ненад, кој ја зел пушката и го започнал крвавиот масакр.
По злосторството Рониќ ја оставил пушката и побегнал во непознат правец, но полицијата за брзо време го уапсила.