Поранешниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески, објави видео од јавен видео надзор на кое може да се види како непознато лице гребе релативно ново возило.
Ристески тврди дека автомобилот е негов и дека лицето му е познато како негов нов сосед од кого ќе бара отштета.
– “Новопечен” комшија ако си доблесен дојди да се договориме, ако не…, напиша Ристески на Фејсбук, при тоа објавувајќи ја снимката од надзорот.