Специјално за Улица.мк од Банско: Зоран Михајлов
Како што е вообичаено во првата половина од декември,секоја година официјално се отвара скијачката сезона во познатиот зимски-спортски центар на Пирин Планина-Банско.Белите падини и овој пат беа преполни со љубители на скијањето,меѓу кои имаше и стотици Македонци.
На прес-конференцијата на која централна личност,како и во минатото беше „амбасадорот“ на Банско во светот – петкратниот освојувач на кристалниот глобус во алпско скијање – Марк Џирардели.
-Уверен сум дека Банско и годинава ќе биде привлечно за сите љубители на скијањето од балканскиот регион ,а и пошироко од Русија,Украина,Велика Британија,во последниот период ,што особено радува ,и од Израел,рече на пресот Џирардели.Овде претставниците на фирмата „Јулен“,која е концесионер на спортскиот центар,прави се – Банско постојано да е подготвено да понуди максималмни услови за врвно и рекреативно скијање,како што тоа го прават најпознатите центри во алпските земји.Токму поради тој квалитет-Банско е чест организатор и на трки за светскиот куп,како што ќе биде и оваа сезона од 24 до 26 февруари,кога на познатата патека Бандерица ќе се одржат трките во супер-џи и во велеслалом во машка конкуренција.Тука,за задоволство на љубителите на скијањето ќе продефилираат,во моментов, најпознатите светските асови.
На конференцијата беа присутни и градоначалникот на Банско Икономов и човекот кој е,можеби, најзаслужен за афирмацијата на Банско во скијачкиот свет-Обрејков. И двајцата,од спортско- туристички аспект ветија – дека центарот во секој момент ќе биде подготвен да ги задоволи барањата на љубителите на скијањето.
И навистина гледајќи ги како работат Бугарите во последниве години,нема сомнение дека Банско ќе биде најпосетениот и со најоптимални услови за спортување зимски центар во овој регион на Балканот.