Еден од најпознатите спортски весници „Марка“ во овие вонредни и тешки времиња за Шпанија го состави идеалниот тим и ја расплака целата држава..
Меѓутоа, овој пат идеалниот тим не е составен од фудбалери кои треба да настапат на Европското првенство, туку станува збор за вистинските херои кои секојдневно се борат со пандемијата на коронавирусот.
„Марка“ пишува: „Нашата екипа со која Шпанија сигурно ќе победи“ е составена од припадници ина службите кои ја одржуваат Шпанија во живот ќе настапи во следниот состав:
Роза Мартинез (медицинска сестра), Луз Мартинез (благајничка), Раул Гаљего Ахусо (возач на камион за достава), Октавио Санз (работник на бензиска пумпа), Луис Мартинез Мејиде (војник), Луис Контрерас Аранда (земјоделец), Хуан Сампредо Навас (пожарникар), Анхел Хименез Гонзалез (продавач на весници), Пабло Бареиро (лекар), Серхио Рамос Весино (полицаец), Роберто Фернандез Лопез (чистач на улици).