Една од најубавите тенисерки Марија Шарапова одамна го преболе раскинувањето со бугарскиот тенисер Глигор Димитров, па сега ужива во врската со британскиот милионер Александар Гилкес кој е добар пријател со принцовите Вилијам и Хари.
Иако во прв момент врската се чувала во тајност, сега се почесто Марија и Александар се појавуваат во јавноста држејќи се за рака.
Инаку, Гилкес (39) потекнува од угледна лондонска фамилија – неговиот татко е стоматолог, а мајка му е професорка на Оксфорд. Тој познат како љубител на руската култура, особено на руската книжевност, а и одлично зборува руски. Претходно, Александар бил 13 години во брак со Американката Миша.