Марија Шерифовиќ пред својот шести концерт во Белград, пред новинарите уште еднаш го искажа задоволството од настапот на Тамара на Евросонгот.
-Одлична песна, убав настап, Тамара беше преубава, пееше фантастично. Тоа е песна што треба да му се допадне на стручното жири. Стручното жири тоа го препозна и во некои држави кои не се благонаклонети кон земјите од Балканот. Уште вечерта Тамара ми одговори на пораките: “Баш ми е гајле, јас сум задоволна, јас победив“, ми напиша таа – изјави Марија и уште еднаш го прокоментира настапот на Мадона во Тел Авив.
-Мадона никогаш не била некоја пејачла, таа е “мастер“ на шоу бизнисот и на сцената, а навистина во Тел Авив не беше во елемент. Но, која сум јас да и судам на Мадона, но дека пееше фалш, пееше – рече српската пејачка.