Многумина беа затекнати со мерките за самоизолација во време на пандемијата со коронавирусот. Сепак, се чини дека најпогодени беа луѓето кои им беа неверни на своите сопружници, односно, оние кои си имале љубовник или љубовница.
Дека вистинската љубов во време на пандемијата со корона вирусот доаѓа на виделина, тоа го покажа Марија, читателка од италијанското списание Corriere della Sera.
“Јас сум жена од 40 години, среќно мажена, верна партнерка со сигурна работа. Можеби ви се чини на идилична брачна приказна, но не е така.
Веќе пет години го изневерувам својот сопруг со двојно помлад маж. Вложувам голем напор за да се разубедам себеси дека она што го правам не е во ред, дека е грешка, и честопати се обидувам да се вратам на вистинскиот пат, но секогаш нешто ме враќа назад…и повторно и повторно грешам”, напишала Марија.
Свесна за своите грешки, веќе со години се обидувала да го прекине својот однос со љубовникот, кој би можел да и го уништи сè она што го градела со својот маж и децата, но тоа не и поаѓало од рака.
Но, корона вирусот успеал сè да промени. Марија сфатила што е всушност важно и вредно во нејзиниот живот, а тоа се нејзиниот сопруг и децата.
Затоа таа одлучно се определила да го напушти сè она што ја спречувало да оди по вистинскиот пат и сè она што ја искушувало да биде грешна.
“Овој вирус ме научи да ги ценам повеќе работите кое едно време од својот живот ги запоставував. Мојата петгодишна авантура беше голема грешка поради која сега се чувствувам грозно.
Веројатно не бев во состојба да ги сфатам и да ги видам со чист поглед правите вредности во мојот живот. Едноставно бев заслепена”, објаснува Марија.