(фото: Д. Кадиќ)
Поради долг кон текстописецот Марина Туцаковиќ српскиот пејач Аца Лукас може да остане без станот во Нов Белград вреден 100.000 евра. Тој прв негирал дека има стан, но кога извршителите направили проверка преку даночната управа, дознале за станот од 80 квадрати на Нов Белград. А прво тие проверката ја направиле преку неговата матична куќа “Гранд“ и му ги блокирале сите сметки.
Наводно, станот и пред Марин некој го барал, па сега тој мора да оди на лицитација. Но, и во тој случај Марина нема веднаш да стигне до бараните пари, бидејќи прво мора да се расчистат трошоците кон првиот барател на станот.
Марина Туцаковиќ не сакала ништо да зборува околу овој случај, само изјавила дека верува во судството..
Инаку, Марина има побарување спрема Лукас поради долг од 100.000 евра за песна чија е таа автор. Со одлука на судот таа го добила случајот и на Лукас му било наложено за 30 дена да си го подмири долгот. Бидејќи тоа не го направил во одредениот рок, извршителите му чукнале на врата, но тој се бранел дека нема никаква недвижнина на свое име и нема што да му земат.