Марго Роби открива зошто побарала да биде гола во познатата сцена со Дикаприо (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Актерката Марго Роби се потсети на својата улога во филмот „Волкот од Волстрит“ и објасни зошто инсистирала една од клучните сцени да ја сними целосно гола.

Иако режисерот Мартин Скорсезе не ја замолил да го направи тоа, таа решила да го направи. Филмот „Волкот од Волстрит“ собра екипа во која се Леонардо Дикаприо, Џона Хил, Метју Меконахи и Роб Рајнер.

Иако ова беше првата голема филмска улога на Роби, во сцената каде што нејзиниот лик го заведува Џордан, кој го игра Дикаприо, таа требаше да се појави целосно гола.

За време на гостувањето во подкастот „Talking Pictures“, Роби изјави дека Мартин Скорсезе ѝ предложил да носи халат ако ѝ е непријатно, но таа одбила.

„Тоа не е нешто што таа би го направила во таа сцена. Поентата на улогата и на сцената е таа да се појави целосно гола, бидејќи тоа е нејзиниот главен адут“, рече таа.

Исто така, тоа не беше единствениот момент во кој Роби влијаеше на клучните сцени од филмот. Дополнително, таа изјави дека предложила нејзиниот лик и Белфорт да имаат уште една последна сексуална средба пред сцената каде што таа бара развод.

„Според оригиналното сценарио, требаше само да влезам во неговата канцеларија и да кажам дека сакам развод и тоа беше тоа“, рекла таа.

Ноќта пред снимањето, таа, Скорсезе и Дикаприо повторно го разгледаа сценариото.

„Почнавме да импровизираме и се заклучивме во собата до три часот наутро, размислувајќи како треба да изгледа. Така настанала секс сцената што ѝ претходи“, се присети таа.

Роби наведува дека снимањето потоа траело со месеци и дека меѓу екипата се создала атмосфера во која сè било можно. Покрај тоа, таа рекла дека за време на пробата на сцената во еден момент помислила дека може да го бакне Леонардо Дикаприо.

„Мислев дека сега можам да го бакнам и тоа би било одлично. Едвај чекам да им кажам на пријателите за тоа. Потоа си помислив, ох, не“, рекла таа.

останати вести