На наградите SAG во Лос Анџелес, една од најзабележителните личности беше убавата актерка Маргот Роби.
Роби повторно пристигна на црвениот тепих во издание кое ја следи естетиката на Барби, алудирајќи на тоа на нејзината улога која ја одбележа 2023 година. Иако беше номинирана за најдобра актерка на сите големи филмски награди, таа не освои ниту една, дури ни гореспоменатата награда на Screen Actors Guild (SAG), објави Дејли Меил.
И покрај тоа, таа повторно воодушеви со нејзиниот стајлинг. Имено, таа се појави во мал црн фустан, но во спектакуларно, досега невидено издание. За овој настан таа избра парче од колекцијата на Скиапарели, кое е инспирирано од осумдесетите и одлично се совпаѓа со розовиот, заводлив стил на Барби што актерката го промовира изминативе неколку месеци, уште од премиерата на филмот Барби.
Станува збор за краток, едноставен фустан изработен од црно кадифе, дополнет со светло розев сатенски појас со обемни ракави. Изданието го заокружи со класични, црни салонки, но и со скап накит вреден речиси 3 милиони долари, а на обетките, прстенот и нараквицата на раката носеше дијаманти од речиси 100 карати изработени од американската дизајнерка на накит Лорејн Шварц.