Аргентинската фудбалска легенда Диего Марадона бил итно опериран во една клиника во Буениос Аирес, откако при рутинска контрола лекарите откриле крварење во неговиот стомак. Претходно, Марадона се жалел на болки во стомакот, по што било ендоскопијата открила крварење, кое е неутрализирано со хируршкиот зафат.
Тој требаше да го предводи мексиканскиот клуб Дорадос кој настапува во втората лига на оваа земја, но не се појавил на подготовките на екипата. Веднаш била ангажирана полицијата, а Марадона е најден со внатрешно крварење во стомакот.