Легендарниот Диего Марадона не успеа да го доведе Дорадос во најелитниот ранг во мексиканскиот фудбал бидејќи неговиот тим беше поразен во финалето против Атлетико Сан Луис. Во првиот натпревар Дорадос победи со минимални 1:0, но во реваншот беа поразени со 4:2, па Марадона после мечот беше видно разочаран.
По натпреварот Аргентинецот мораше да биде задржан од обезбедувањето, бидејќи тргна да се тепа со новинарите, но и со дел од противничките навивачи кои беа во гужвата пред соблекувалните.
https://twitter.com/twitter/statuses/1069467178418749440