Портпаролот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, Ристо Манчев во Централниот дневник на 1ТВ изјави дека Македонија ќе мора да воведе задолжително носење појаси во автобус во пристапниот процес во ЕУ.
“Според законот, патниците се должни да користат појас секаде каде што тие се фабрички вградени. Според правилникот за техничка исправност на автобусите, за автобуси кои вршат превоз на меѓуградски растојанија, појасот е задолжителен само за возачот и за предните седишта на автобусот“ – меѓудругото изјави Манчев за дневникот на 1ТВ.