Сонер Арслан, осудениот манијак кој сега се гони за напад на уште едно 24-годишно девојче, доби затворски притвор и е однесен „Скопје“ во Шуто Оризари. Против него е поднесен и обвинителен предлог, а мерката му е продолжена за 30-дена. Бидејќи станува збор за притворски предмет, истиот ќе треба да се суди и во екот на судската ферија.
-Обвинителството веднаш по одлуката го обжали решението на судијата на претходна постапка со кое на осомничениот му беше определена мерка куќен притвор. Жалбата на обвинителството беше прифатена и на осомничениот му беше определена мерка притвор, посочуваат од Обвинителството за „Макфакс“.
Арслан ќе одговара за кривично дело силување односно сторување на други полови дејствија, со што, ако биде осуден и пресудата биде правосилна – ќе му се активира претходно изречената условна казна. Според извори во истрагата, неговата ДНК била најдена на маицата од девојчето на возраст од 24-години. Ја допирал по телото, по што се самозадоволил, а траги од семената течност имало и на нејзината облека. Сето ова се случувало во строгиот центар на Скопје, спроти катната гаража „св. Кирил и Методиј“, на истоимената улица.
Претходно, пет други девојчиња беа оштетени во постапката што се водеше против него. Тогаш судијката од Кривичниот суд, Љубинка Башевска во март, му изрече условна казна.