Манекенка од Бразил, Каролин Вернер (37) жестоко протестирала поради однесувањето на полицијата, откако била уапсена кога топлес го шетала своето куче.
Зборувајќи за бразилските медиуми за апсењето што се случило минатиот мај, Вернер тврди дека постои дискриминација кон жените.
„За жал во мојата земја, иако Уставот обезбедува родова еднаквост, во пракса тоа не се случува. Не можам да ја имам истата слобода како мажите и се чувствувам угнетено од системот и рестриктивното толкување на законот. Она што треба да биде нормално за двата пола завршува како негирање за еден од нив на угнетувачки начин“, изјавила таа за бразилските медиуми.
Опишувајќи го она што се случило во мај, 37-годишната манекенка рекла дека решила да го соблече горниот дел додека се враќала дома од шетањето на своето куче. Потоа ѝ пришле неколку полицајци, ја внеле во возило и ја однеле во полициска станица каде ѝ дале блуза да се облече.
„Ме одведоа во одделението, ме фрлија во темна ќелија и ми ставија лисици од таванот, забранувајќи ми да комуницирам со роднините, пријателите и мојот адвокат. Поминав повеќе од еден час во оваа состојба“, изјавила манекенката од Бразил.
Таа тврди дека го прошетала целиот свет и никогаш немала проблем да биде топлес во јавност.
Според член 233 од бразилскиот Кривичен законик, манекенката е обвинета за „непристојна сцена на јавно место“, обвинение кое предвидува казна затвор од една години до три години.
https://twitter.com/i/status/1739797044657573951