Поранешната манекенка и дезајнерка Сониа Вера (46) едно утро во јуни 2017. година се разбудила со вкочанета рака, за која ниту не наслутувала дека ќе и го промени животот. Мислелс дека има срцев удар и отишла во болница, но тие мислеле дека треба да отспие и дека тоа е резултат на вознемиреност.
Но, се покажало дека советот на лекарот е лош. Кога се разбудила после пет часови, се шокирала. Таа била парализирана од градите надолу, но се обидела да се воздржи од паника бидејќи сметала дека тоа е минливо. Таа се надевала дека повторното одењето во болница ќе реши сè.
Лекарите ја испратиле на различни прегледи на ‘рбетниот мозок и и’ дијагностицирале невролошко нарушување – попречен миелитис. Тоа влијае на централниот нервен систем и резултира со воспаление на ‘рбетниот мозок.
Сониа останала шест месеци во болница.И давале стероиди за да се намали воспалението, добила трансфузија на имуноглобулин и отишла на физиотерапија. Сепак, лекарите и рекле дека нема лек за невролошко нарушување и дека никогаш повеќе нема да може да оди.
Сепак, не се предава. Таа е уверена дека кога тогаш ќе застане на нозе. Таа секој ден вежба во базен, ги следи вестите во врска со нејзината болест, а неодамна нашла клинички испитувања за епидурален стимулатор во Кентаки кои се покажале како успешни. Таа покренала страница за собирање средства со што би ги платила летовите за да оди на таа терапија.