Американската плус-сајз манекенка Тес Холидеј (34) се прошета по пистата на Њујоршката модна недела, држејќи се за градите. Таа ги покажа своите килограми во тесен бел фустан и ја испровоцира публиката, при што многумина беа одушевени од нејзината самодоверба.
Со белиот фустан комбинирала влечки во иста боја, а од шминка ставила црвен кармин и син туш за очи, што не можело да помине незабележано.
На оваа Британка неколку пати ја прозивал угледниот новинар Пирс Морган кој смета дека таа не е плус сајз манекенка туку дебела жена која не треба да се промовира по медиумите.