Манекенка кој присуствувала на забавата за 18-ти роденден на Ламин Јамал: „Најважни беа големината на градите и бојата на косата“ (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Младата светска фудбалска ѕвезда, асот на Барселона, Ламин Јамал повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста, но не поради случувањата на зелениот терен, туку поради контроверзната прослава на неговиот 18-ти роденден.

Според тврдењата на моделот Клаудија Калво, девојките што присуствувале на забавата биле внимателно избрани, а многумина наводно добиле сериозни финансиски понуди за нивното присуство.

– Добив покана за неговиот 18-ти роденден. Ни понудија помеѓу 10 и 20 илјади евра за да дојдеме. Ти даваат картичка за свои трошоци. Во моментот кога ти ја даваат таа картичка, се согласуваме на сè иако не знаеш во што се впушташ или што очекуваат од тебе. Поточно бараа русокоси со многу специфична големина на гради. Не ни беше дозволено да имаме мобилни телефони – рече 25-годишниот Калво, додавајќи дека тие „повеќе се фокусирале на големината на градите и бојата на косата“.

Во поканата за забавата јасно беа наведени правилата: „Без телефони. Без камери. Без дрога. Сè е вклучено: летови, хотел, храна и што и да одлучите да потрошите додека сте на островот подготвувајќи се за забавата. Точната локација ќе биде споделена неколку часа пред почетокот на забавата. Потребна е дискреција.“

Прославата собра голем број познати личности, а достапни се само ретки видеа од роденденската забава.

На прославата присуствуваа многу соиграчи на Барселона, меѓу кои Гави, Алехандро Балде, Роберт Левандовски, Рафиња, Пау Кубарси и Фермин Лопез. Исто така, имаше и музички ѕвезди како што се Кеведо, Бизарапа, Бад Гјал, Џеј Си Рејес, Чимбала, Озуна, Рајан Кастро, Емилија Мернес и Лола Индиго. Американскиот рапер Травис Скот наводно бил поканет, но на крајот не се појавил.

Изненадувањето на вечерта беше присуството на возачот на Ферари во Ф1, Леклер. Јавноста зборува и коментира за подарокот на Јамал вреден 400 000 евра .

Музичарот Ел Алфа му подарил на младиот фудбалер ланец вреден околу 400.000 евра. Тој го купил ланецот за Јамал пред неколку дена и го објави тоа на Инстаграм.

Според медиумските извештаи, атмосферата била турбулентна, а Калво била една од вкупно 12 девојки поканети на настанот.

Забавата предизвика и дополнителни критики бидејќи, според шпанските медиуми, Јамал ангажирал и луѓе со џуџест раст да учествуваат во забавата. Шпанското здружение на луѓе со ахондроплазија и други скелетни дисплазии (ADEE) исто така се огласи по повод настанот.

– За време на прославата, неколку луѓе со џуџест раст беа ангажирани да учествуваат во забавните активности, без друга цел освен да послужат како атракција и спектакл. Апсолутно е неприфатливо во 21 век луѓето со џуџест раст сè уште да се користат исклучиво како забава или атракции на приватни забави – изјави претседателката на здружението, Каролина Пуенте.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com