Манекенката Евгенија Куни стана позната по својот вознемирувачки изглед.
Имено, оваа млада манекенка секојдневно објавува видеа во кои зборува за убавината и модата, што е стандардно за инфлуенсерка, но нејзиниот изглед е она што ги загрижува нејзините следбеници.
Куни е висока 170 см и тешка 40 килограми. Токму поради ова, полицијата добива многу пријави од загрижени обожаватели, кои тврдат дека ѝ го сакаат само најдоброто.
Сепак, таа никогаш не потврдила дека има некакви здравствени проблеми, туку постојано истакнува дека „едноставно така изгледа“.
Сепак, има и такви кои веруваат дека нејзиниот изглед може да стане опасен за другите, доколку стане нов тренд.