БРИТАНСКИОТ модел Хариет Роуз се откажала од гламурозниот живот и се преселила во старечки дом да се грижи за најранливите за време на карантинот. За време на глобалната пандемија, жителите во домови за стари лица се меѓу најранливите, така што фановите на Хариет се воодушевени од ваквиот хуман потег.
На Инстаграм, манекенката која работела за глобални брендови како Гучи и Долче и Габана открила дека работи во старечки дом во Кент. Таа таму живее веќе еден месец, а ниту еден домашен корисник не починал откако е таму.
“Пред еден месец, заедно со 16 други неверојатни луѓе, се преселив во старечкиот дом каде што работам за време на карантинскиот период за да помогнам во одржување на здравјето на корисниците за време на врвот на пандемијата на„Ковид-19 “. Премногу малку е да се каже дека беше тешко, но со големо задоволство можам да кажам дека имавме среќа да не изгубиме ниту еден корисник или персонал заради коронавирусот во овој период. Имаше буквално пот, солзи и крв, стотици часови со минимален сон, но ние не се откажавме и вредеше. Сите сме толку благословени и многу горди на ова достигнување“, напиша таа на Инстаграм.
https://www.instagram.com/p/B_0gPudHsbf/?utm_source=ig_web_button_share_sheet