Популарниот француски актер Венсан Касел, познат и како екс сопруг на Моника Белучи е „фатен“ на плажа со 31-година помладата сопруга Тина Кунаки на плажа во Рио де Женерио.
Атрактивната двојка поголем дел од годината минува во топлиот Рио. 55 годишниот Венсан и 24 годишната Тина Кунаки вистински уживаат во топлото сонце .
Кунаку која е инаку успешна манекенка, била во центарот на вниманието на сите присутни на плажата поради нејзиното минијатурно бело бикини, кое го истакнала нејзиното совршено тело.
Тина и Венсан се заедно од 2016 година, а се запознале кога манекенката имала само 19 години. Разликата во годините не влијаела на нивната љубов која во 2019 година ја крунисаа со раѓањето на ќерката Амазонија.
Инаку, Касел пред да ја запознае Тина, беше во брак со италијанската актерка Моника Белучи со која има две ќерки, Дева и Леони.