Украинската тенисерка Дајана Јестремска споделила потресни видеa и фотографии кои настанале во моментите кога со својата сестра ги напуштила родителите за да побегне од Украина.
Ширум Украина владее паника поради воената состојба. Луѓето масовно се обидуваат да ја напуштат државата, како странските граѓани така и Украинците.
За жал, не останале многу начини да се побегне од војната, за тоа говори ситуацијата во која се наоѓа семејството на некогашниот српски фудбалски репрезентативец Војновиќ, а Јестремска заедно со својата сестра успеала да најде траект со кој треба да ја напушти Украина.
„По две поминати ноќи во подземен паркинг, моите родители донесоа ваква одлука, по секоја цена да нè испратат мене и мојата помлада сестра надвор од Украина. Мамо, тато, ве сакам најмногу и чувајте се! Ја сакам и својата земја! Украинци, чувајте ги своите животи“, порачала Дајана на Инстаграм откако објавила фотографии и видеа како се збогува со своите родители.
На видеото се гледа како сестрите кои плачат се поздравуваат со своите родители, а цела ситуација е емотивна и тешка за гледање.
21-годишната Украинка е родена во Одеса, а моментално се наоѓа на 120-то место на листата најдобри тенисери на светот.
Инаку, Одеса е трет најголем град во Украина по популација и еден од првите градови во кои Русите чекореа откако официјално започна делувањето на воените сили на Руската Федерација во Украина.