Холивудската глумица Наја Ривера (33), позната по серијата „Glee“ се удавила во езерото Пиру во националниот парк во близина на Лос Анџелес. Таа изнајмила чамец на езерото Пиру и потоа веќе не е видена.
Нејзиниот син на спасувачките екипи им изјавил:
-Мама замина да плива и не се врати.
Наја била најпозната по улогата во серијата „ Glee“ а имала улоги во во сериите „Чувари на плажа“ и „Принцот од Бел Ер“.
Последната нејзина фотографија објавена на Инстаграм најверојатна е направена токму синоќа на езерото додека Наја е во прегратки со синот.
Во описот на фотката актерката напишала:
„Само ние двајца“.