Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 1.318 тестови, а регистрирани се 234 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 180, Кавадарци – 19, Куманово, Прилеп и Неготино – по 6, Велес – 4, Гостивар и Крива Паланка – по 2, Битола, Струмица, Струга, Свети Николе, Дебар, Пробиштип, Кратово, Крушево и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (234), регистрирана е 31 реинфекција.
Регистриран e 1.491 оздравен пациент од: Скопје – 749, Тетово – 85, Битола – 73, Куманово – 69, Прилеп – 57, Струмица – 51, Кавадарци – 45, Велес – 42, Гостивар – 41, Охрид – 37, Гевгелија – 25, Кичево – 24, Радовиш – 21, Неготино ,Струга и Штип – по 20, Валандово – 19, Кочани – 12, Крива Паланка – 11, Богданци и Ресен – по 9, Свети Николе – 7, Крушево, Виница , Берово и Делчево – по 6, Кратово – 4, Демир Капија ,Македонски Брод и Демир Хисар – по 3, Дојран, Пробиштип и Дебар – по 2, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 12 починати лица: 3 починати лица од Скопје (72г, 74г и 76г), по 2 починати лица од Битола (81г и 91г), Куманово (77г и 81г) и Струмица (58г и 65г) и по едно починато лице од Кочани (60г), Охрид (64г) и Тетово (68г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 5 починати лица од: Битола (1), Виница (1), Гостивар (1), Дебар (1) и Струга (1). Починатите лица се на возраст од 61г. до 80г. Лицата за починати се пријавени во период од 14.02. до 18.02.2022. Од починатите лица, 3 се починати во домашни услови, а 2 лица во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај 17 лица се регистрирани коморбидитети.