Мало богатство за 25 скали од Ајфеловата кула

by Тони Зографски

Дури 169.000 евра неименуван колекционер од Блискиот исток плати за дел од оригиналните спирални скали на Ајфеловата кула во Париз. Скалите кои се 25 на број, долги се 4.3 метри и тешки околу 900 килограми. Овие скали кои се од приватна колекција од Канада, ги поврзуваа двата највисоки ката на кулата, а се исечени во 1983 години кога се инсталирал лифт меѓу тие два спрата.

Другите делови на скалите можат да се најдат во градината на Јоиши-фонданцијата во Јапонија, потоа во близината на Статуата на слободата во Њујорк и во Дизниленд во Калифорнија.

Инаку, скалите 20 дена беа изложени во дворот на аукциската куќа на Шанзелизе.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com