Малолетник бегал од полиција со автомобил, па се забил во пекарница

by Тони Зографски

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа, која се случила на улицата „Господар Вучиќ и Грчиќ Миленко“ кај Вождовац и веднаш се пренесени во Ургентниот центар.

Со автомобилот управувало 17 годишно момче, а во автомобилот биле и неколку негови пријатели, а при бегање од полицијата се забиле во пекарница. Од силината на ударот, возилото завршило на средината на крстосницата.

Момчето го украло автомобилот од неговите родители и веднаш се дал во бегство, откако полиција почнала да го брка, но не завршило добро. Додека буквално летал на патот, тинејџерот се обидел да прегази и  полицаец.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com