Три лица извршиле полови дејствија врз малолетно девојче од Скопје, соопшти МВР.
Во Полициска станица, 43-годишен маж од Скопје синоќа пријавил дека во првата половина на февруари, во близина на игралиште во село во Скопје, три лица со кои се познавала извршиле други полови дејствија над неговата малолетна ќерка.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.