Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 529 тестирања, а регистрирани се 63 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-42, Куманово-3, Тетово-2, Прилеп-2, Гостивар-1, Штип-1, Битола-1, Велес-2, Охрид-1, Струмица-2, Кавадарци-1, Неготино-1, Виница-1, Пробиштип-2, Крушево-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 176 оздравени пациенти од: Скопје-101, Штип-7, Битола-4, Охрид-22, Кавадарци-9, Струга-4, Кочани-4, Неготино-5, Дебар-7, Крива Паланка-3, Ресен-2, Радовиш-1, Берово-3, Пробиштип-2, Демир Капија-2.
Починати се 13 лица, пет пациенти од Скопје (69, 72, 77, 66 и 62г.), два од Велес (66 и 80г), три од Струга (74, 87 и 73г), еден пациент од Кратово (52г), еден од Крушево (79г) и еден од Демир Капија (62г).