Членовите на претседателството на БиХ вчера беа во Анкара, каде разговараа со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. По состанокот, беше подготвена свечена вечера.
Атмосферата на вечерата дополнително ја подобрија музичарите кои најпрво добија бакшиш од Додик, а потоа и Ердоган.
За време на посетата, БиХ и Турција потпишаа договори за соработка во инфраструктурните и градежните проекти и за заемно признавање и размена на возачки дозволи.
Додик му се заблагодари на Ердоган за донацијата од 30.000 вакцини против Ковид 19, во време кога БиХ не успеа да набави вакцини на друг начин.