Маура Хигинс е водителка, модел и икона на британската телевизија. Славата ја стекнала на социјалните мрежи, што ја прави една од највлијателните „дигитални“ личности во Велика Британија.
Маура публиката ја освои во 2023 година кога ѝ била доверена задачата да го води шоуто „Love Island USA“, а подоцна во текот на годините и „Love Island Games“.
Таа станала позната по отворениот и опуштен начин на којшто ги прави интервјуата со гостите, а нејзините видеа за кратко време стануваат вирални на ТикТок и Инстаграм.
Маура Хигинс вчера се појавила во Лондон на доделувањето на телевизиските награди BAFTA. Овојпат убавата Маура се појавила во прекрасен фустан којшто воодушевил многумина, но исто така ги навела медиумите да пишуваат за сериозниот здравствен проблем низ којшто поминала.
Таа за да ја подигне свеста за тоа, јавно зборувала за своето искуство со синдромот на токсичен шок. Водителката раскажала дека во себе имала тампон подолго од три месеци, што создал сериозни проблеми поради кои можела да заврши фатално.
„Имав многу лошо искуство. Не сум доктор, не знам многу за тоа, но знам дека не треба да оставате тампон во себе подолго од девет часа, мислам дека тоа е максимумот“.
„Јас три месеци имав тампон. Кога докторот го најде, беше залепен за моето грло на матката. Поради тоа бев сериозно болна. Не знаев што се случува. Имало луѓе кои починале од тоа“, раскажала Маура.
TSS е редок, но може брзо да ескалира и во некои случаи да заврши фатално. Меѓутоа, доколку се дијагностицира и лекува рано, поголем, дел од луѓето целосно закрепнуваат од него. Него го предизвикуваат одредени соеви бактерии како што се Straphilococus кои влегуваат во телото и ослободуваат штетни токсини.