Првата дама на САД Меланија Трамп секогаш е скоцкана и знае што е стил. Таа има свои тајни кога се фотографира.
Меланија сака секогаш кога се фотографира устата да и биде благо поотворена.
“Многу посекси е кога усните ви се поотворени, и на тој начин ќе изгледате пополно“ – објаснува експертот за вербална комуникација, Трејси Браун и додава:
“ Покрај усните Меланија сака да ја наведна главата така да камерата не може да и ги слика ноздрите. Таквата поза помага очите да изгледаат покрупни во односот на остатокот на лицето“.
На моменти првата дама широко се насмевнува и покажува широка насмевка. Не е во прашање толку насмевката, колку очите да заблескаат и да покажат емоција и енергија.
“ Не ви требаат години да ги научите овие трикови,“ вели Трејси Браун и предлага на следното селфи со јазикот да ја допрете горната внатрешност на своите усни, по што веднаш ќе се добие истиот ефект.