Тригодишното девојче Салва од Авганистан кое со нејзиниот татко се смее додека близу нејзиниот дом во Идлиб паѓаат бомби е на сигурно во Турција. На 25 февруари, турската влада им помогна на девојчето и на нејзините родители да ја преминат границата и да најдат прибежиште во Турција.
Претходно, таткото на Салва, Абдула Мохамед ја научи својата ќерка да се смее на звукот на бомби, за да не се исплаши.
Оваа игра и помогнало на девојчето да остане мирна при бомбардирањето на Идлиб. Видеото на кое Салва се смее со татко ѝ за време на бомбордирањето, се појави на бројни електронски медиуми, а го привлече вниманието и на владата во Турција, која им помогна да дојдат на сигурно.