12-годишната Моника Каримановиќ по деветдневниот пекол кој го поминала откако беше киднапирана на 20 декември снноќа беше пронајдена во гробница во село во близина на Ниш. Осудениот насилник Нинослав Јовановиќ избегал пред да дојде полицијата и дека со себе има нож.
„Таа е ментално стабилна, но се забележува дека има бројни модринки и подливи. Кога пристигна, беше видно вознемирена, но нејзината баба и родителите сега се со неа. Се гледа дека злосторниот и ја потстрижал целата коса“, вели за „Новости“ извор близок до семејството.
По гинеколошки прегледи во Клиничкиот центар Ниш, неофицијално беше потврдено дека Малчанскиот бербер не извршил обљуба врз киднапираната девојка. Моника нема видливи повреди кои би укажале дека била жртва на силување или сексуална злоупотреба.
Мајката на Моника плачејќи го раскажува својот прв разговор со ќерка си:
„Мамо, само дојди да те загрнам“, и рекла таа на мајка си.
Инаку, Моника беше киднапирана од Нинослав Јовановиќ, познат како ’берберот од Малчан’, околу 7:30 часот на 20 декември, додека таа одела на училиште. Јовановиќ работел на неколку работни места во една од куќите во Сув Дол и веројатно со денови ги следел нејзините движења. Откако украл автомобил, сиво „пунто“, тој го киднапирал детето додека одело на училиште.