Францускиот претседател Емануел Макрон, наводно, бил снимен како пее на улиците на Париз, откако ја бранеше својата контроверзна пензиска реформа во обраќање до нацијата што предизвика масовни протести, штрајкови и немири во земјата.
Снимката најпрво беше споделена на Фејсбук страницата на групата „Projet Canto“, посветена на зачувување на традиционалните песни, која претходно беше на удар на критики за нудење снимки на песни од ерата на нацистичка Германија.
Многу корисници на Интернет првично се сомневаа дека видеото од Макрон како пее е лажирано со помош на вештачка интелигенција или со некој друг начин, но луѓе блиски до Макрон рекоа дека видеото е автентично.
„Претседателот се опушти со својата сопруга (Брижит Макрон) по неговиот говор (во понеделникот вечерта). Наидоа на група млади луѓе кои пееја… па тој им се придружи во песна која доаѓа од Пиринеите која ја знае и ја сака“, навеле тие извори, пренесува The Telegraph.
https://twitter.com/i/status/1648452435999072257