Лидерот на Левица Димитар Апасиев жестоко реагираше на Фејсбук откако францускиот претседател Емануел Макрон на два пати по ред изјави дека сме Северномакедонци.
„Макрон, втор ден по ред, ни вика у фаца дека сме СЕВЕРНОМАКЕДОНЦИ. Балистот Бугар Османи нема официјална реакција од МНР (оти, нели, не се работи за Косово). Е овие едноклеточни организми ни ја водат државата и преговараат во наше име!“, пишува Апасиев на својот Фејсбук профил.