Семејство од Србија доживеало неволја на автопатот додека се враќало дома од одмор во Грција, кога нивниот автомобил се запалил.
Приказната за солидарноста и помошта при несреќната околност, семејството ја сподели на социјалните мрежи.
Имено, Македонци и Грци се нашле на местото на настанот и им помогнале да го изгаснат опожареното возило.
Семејството јавно изрази благодарност до овие храбри луѓе.
„Почит за нашите пријатели на автопатот, Македонци и Грци се здружија да ни го изгаснат автомобилот што се запали на враќање од море“, пишува семејството.