Најмалку 800 Македонци денеска ќе се вакцинираат во Врање, во организација на Српскиот културен информативен центар.
Сите ќе примаат вакцина на вакциналниот пункт во спортската сала, поддржан од здравствениот дом во Врање.
Преку Спона досега биле организирани околу 2.000 граѓани претежно од помладата популација. Претходно пред речиси три месеци над 15.000 македонски државјани добија можност да се имунизираат во Србија со АстраЗенека.
Министрите за здравство на Македонија и Србија се во преговори да се отвори пункт поблиску до границата каде би се одвивала ревакцинација.
Министерот за здравство Венко Филипче, изјавата на српскиот претседател за бесплатна вакцинација на граѓаните на Македонија, ја оцени како чин на добрососедство, кој го почитуваат.
-Разговарав со министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар за тоа дали може да се организира нов пункт, кој би бил поблиску за ревакцинација на македонските граѓани. Тој зема обврска за тој процес да го организираме.Разговараме тоа да биде центарот на Ниш или Врање, но останува да се договориме, вели Филипче.
Министерот рече дека досега на сајтот за ревакцинација немало ниту 1000 лица пријавени.